Ќофтиња со сос од вино


Потребни состојки:

  • 800 грама мешано мелено месо
  • 1 голема главица кромид
  • 60 грама путер
  • 250 мл. црвено вино
  • 150 мл. слатка павлака
  • 1 китка магдонос
  • Сол и црн бибер
  • Брашно за валкање

Начин на подготовка

Чекор 1: Кромидот исечкајте го ситно и ставете го да се испржи на функцијата (Saute`) потпржување. Додајте го пржениот кромид во меленото месо, зачинете по вкус и со намастена рака формирајте мали топчиња, па убаво извалкајте ги во брашно.

Чекор 2: Вклучете го Гурмет пекачот на функцијата (Saute`) потпржување и ставете ги ќофтињата да се пржат врз растопениот путер. Ако прскаат маснотии додека се печат покријте ги со капакот.

Чекор 3: Кога ќе бидат готови, извадете ги во чинија. Во путерот во кој се пржеа додајте го виното да се загрее, па потоа и слатката павлака. Оставете малку да вари, па зачинете со сол и бибер, додајте го сечканиот магдонос и исклучете го пекачот.

Чекор 4: Ќофтињата ги сервираме со пире, а потоа ги преливаме со сосот од вино.

СОВЕТ: Ние за подготовка на овој сос одбравме црвено слатко вино, затоа што месото лесно се комбинира со благи сосови. Оние кои се согласувате со нас, може да додадете и една лажичка шеќер, за уште посладок сос!

Прочитај повеќе



Ти се допаѓа? Сподели го со твоите пријатели!

29
55
29, 55 points

Која е вашата реакција?
Dislike Dislike
0
Dislike
Fail Fail
0
Fail
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
OMG OMG
0
OMG
Scary Scary
0
Scary
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF


Leave a Reply

Your email address will not be published.



Ќофтиња со сос од вино

log in

Become a part of our community!

reset password

Back to
log in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Choose A Format
Personality quiz
Trivia quiz
Poll
Story
List
Meme
Video
Audio
Image